
НА НАВИВАЧИТЕ ОД ХРВАТСКА ИМ СЕ ЗАКАНУВА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: Еве што ги чека хулиганите кои го избодеа до смрт Михалис Качурис
Повеќе од 90 навивачи на Динамо Загреб се уапсени во Атина по нередите што ги предизвикаа ноќта меѓу понеделникот и вторникот.
Повеќе од 120 навивачи на хрватскиот клуб нападнаа 30-тина приврзаници на АЕК пред стадионот, а во таа прилика беше убиен Михалис Качурис.
Што ќе биде со навивачите на Динамо кои пристигнаа во Грција иако добија забрана за гостување?
Судот во Солун неодамна им судеше на 12 навивачи на ПАОК за убиството на Алкис Кампанос, поддржувач на Арис. Седуммина се осудени на доживотен затвор за убиство од небрежност, додека пет се осудени на по 20 години затвор.
Минатата година Грција ги зголеми максималните казни за учество во навивачки инциденти од шест месеци на пет години затвор.
Ова е лоша вест за хрватските хулигани кои веќе во четврток би можеле да се појават на суд. Судејќи според практиката на грчките судови, тие би можеле да добијат мерка притвор од еден месец, додека не се утврди кои точно се убијците на Михалис Кацурис.