
На ГП Табановце голем метеж за излез и влез од државава
Од АМСМ известуваат дека на граничниот премин Табановце за излез и влез во земјата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
