Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најголемиот автобуски превозник ги зголеми приходите за 70 отсто, сопственикот вели дека тоа не е поради поскапувањата на билетите
Економија

Најголемиот автобуски превозник ги зголеми приходите за 70 отсто, сопственикот вели дека тоа не е поради поскапувањата на билетите

23/06/2023

AA

Најголемиот охридски и македонски автобуски превозник АД Галеб Охрид за една година ги зголеми приходите од 101 милиони денари, на 172 милиони денари, односно за повеќе од 1,15 милиони евра, покажува извештајот за работењето на компанијата во 2022, објавен на „Македонска берза“.

Дел од автобуските превозници од Охрид и Струга на почетокот од минатата година ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај за 20 отсто. Ако повратна карта од Скопје до Охрид беше 900 денари, новоформираната цена изнесуваше 1100 денари.

Автобуските линии од Скопје кон странство не се обновени во целост како пред пандемијата на коронавирусот. Фреквенцијата на патници е намалена, некои линии се нерентабилни, а многу транспортни фирми се соочија со загуби. И превозниците се жалат дека бројот на патници е намален, но тоа не може да се каже за охридскиот превозник.

Сопственикот на АД Галеб Охрид, Димитар Василески, ни изјави дека зголемениот приход на компанијата не се должи на поскапените цени во енергетската криза кои претходеа на самата инфлација, туку на тоа што друштвото претрпело реорганизација во работењето.

– Зголемувањето на приходите најмногу се должи на договорите со странските инвеститори во индустриските зони да ги превезуваме нивните работници. Исто така имаме и договор со холандскиот оператор ТУИ нивните туристи да ги превземаме од охридскиот аеродром и да ги превезуваме до самиот град. Напротив, приходите од редовните организирани линии се во пад затоа што имаше нивно укинување поради нерентабилност, вели Василески.

Тој додава дека има зголемувања и на расходната страна поради поскапувањето на горивото и зголемувањето на платите на работниците. „Галеб Охрид“ во 2022 остварил добивка од 250.000 евра, наспроти добивката од 150.000 евра една година претходно. 

Акционерското друштво „Галеб“ има 130 вработени, 25 минибуси, 1 панорама, 8 автобуси за локален сообраќај и 40 високостандардни автобуси. Во изминатиот период „Галеб“ АД створи доста разгранета и разработена сообраќајна мрежа, како низ Македонија, така и кон соседните држави.

Во март „Галеб“ продаде близу 33 отсто од акциите на компанијата, или една третина од оваа охридска превозна фирма. Платени беа нешто повеќе од 400 илјади евра за безмалку 33 проценти од капиталот на компанијата, што воопшто не е мала сума. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy