Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Митрев спречен да присуствува на важен настан, дали процесот против него се претвора во тортура? Прашуваат од ЖМ Клиника
Македонија

Д-р Митрев спречен да присуствува на важен настан, дали процесот против него се претвора во тортура? Прашуваат од ЖМ Клиника

23/06/2023

AA

Светската елита во медицинската фела нема да може да го проследи предавањето на д-р Жан Митрев затоа што како единствен претставник од Македонија е спречен да присуствува на најважниот конгрес CSI Франкфурт каде требаше  да ги претстави своите иновативни методи во хибридната процедура. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд го одби барањето за привремено враќање на патната исправа и на тој начин го оневозможи патувањето. Ова не е првпат да се одбие барањето на д-р Митрев за привремено враќање на патната исправа. Првиот пат беше одбиен да присуствува на семеен настан што се случува само еднаш во животот.

Сето ова се случува во екот на медиумски оркестрираните напади од одредени и секогаш идентични центри насочени кон неговата личност, неговата работа и врз сите оние кои на кој било начин му пружаат поддршка на овој врвен професионалец.

Одбивањето на Судот да му дозволи присуство на светски конгрес каде е единствен доктор од регионот е загуба за македонското здравство да се претстават напредни методи во медицината. CSI Франкфурт (Congenital & Structural Interventions) конгресот е место каде присуствуваат најголемите експерти во хибридните процедури и ги споделуваат знаења и достигнувања во примена на иновативни техники во катетерската терапија на срцеви заболувања. На годинешното издание, доктор Митрев беше поканет како единствен доктор да ја претставува Македонија и регионот, со цел да ја презентира успешната примена на хибридна процедура кај шестмесечен пациент. Експозето на д-р Митрев на тема „Хибридна процедура за затворање на голем мускулен вентрикуларен септален дефект кај 6-месечно новороденче“ е од особена важност заради можноста за примена на методот кај најмали пациенти и истата треба да послужи за едуцирање и пренесување корисни знаења за успешна имплементација на овој метод.

Привременото враќање на патната исправа во случаи на општо корисна работа и во случај на здравствена потреба е вообичаена постапка, кога надлежниот орган, во случајот Кривичниот совет при Основниот кривичен суд ќе најде разбирање за потребата. Во овој случај, иако станува збор за пренесување на знаење за здравствен проблем што може да спаси животи, молбата е одбиена како неоснована.

Покрај одземањето на патната исправа кај случајот на д-р Митрев се применети и други мерки на претпазливост, односно финансиска гаранција во вредност од 1 милион евра и уште 1,5 милион евра врз основа на побарувањата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy