Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најголем пораст на добивките во Македонија има во угостителството
Економија

Најголем пораст на добивките во Македонија има во угостителството

04/11/2023

AA

„Домашниот корпоративен сектор успешно се справува со последиците од неколкуте последователни кризи, со двоцифрени стапки на раст на нето-добивката во изминатите две години. Послаби резултати во работењето се забележуваат кај микропретпријатијата, коешто датира уште од пред пандемијата. Долгот на претпријатијата како процент од БДП бележи минимално зголемување на крајот на минатата година, додека во споредба со ЕУ, домашниот корпоративен сектор е помеѓу помалку задолжените или умерено задолжените.

Ова го посочува директорката на Дирекцијата за финансиска стабилност и макропрудентна политика на Народна банка, Наташа Андреева, во интервју за „Блумберг Адрија“.

Директорката Андреева истакнува дека закрепнувањето на корпоративниот сектор по пандемијата беше брзо, делумно поддржано и од политиките, со што веќе во 2021 година, се забележува раст на нето-добивката за високи 32,1 отсто, додека во 2022 година овој тренд продолжува, но поумерено, со раст од 19,8 проценти. 

„Карактеристично за 2022 година е што сите дејности се вратија на патеката на профитабилно работење, а најзабележливо зголемување на профитабилноста, и тоа над претпандемичното ниво, има кај угостителската дејност, којашто беше и најпогодена од корона-кризата. Корпоративниот сектор ја задржа и ликвидноста на релативно стабилно ниво, иако таа традиционално е ниска, а се бележи подобрување и во оперативната ефикасност и уредноста во извршувањето на обврските“, вели Андреева.

Долгот на корпоративниот сектор, на крајот на 2022 изнесува, 71,1 отсто од БДП и бележи мал раст во однос на 2021 година, но и натаму е во умерени рамки и под меѓународните прагови за ранливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy