Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На еден од четирите автопати на Бехтел и Енка се уште не е почнато ништо да се работи
Економија

На еден од четирите автопати на Бехтел и Енка се уште не е почнато ништо да се работи

14/04/2025

AA

Според последниот месечен извештај на „Бехтел и Енка“, изведувачот кој работи на проектот за поврзување на Коридор 8 и Коридор 10Д во Македонија, испратен до инвеститорот „Државни патишта“, се уште ништо не е започнато да се работи на еден од четирите автопати.

Од Требеништа – Струга – Ќафасан не е реализирана ниту една фаза, додека на останатите три делници работите се во прогрес. Официјалните градежни активности започнаа во март 2023, треба да завршат во декември 2027, но на овој автопат, според извештајот, не се започнати ниту геолошките истражувања.

Министерот за транспорт Александар Николоски пред месец и пол рече Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус на Охридското Езеро и регионот, а во исто време да се направи и автопатот од Требеништа до Ќафасан, но од тогаш нема никаков фидбек во јавноста.

– Имаме стриктни забрани од УНЕСКО да развиваме пат и железница во заштитениот дел од Охридското Езеро, каде влегува и делот кој потенцијално би го опфаќала и оваа патна делница. Очекувам во текот на месец март заедно со министерот за култура, градоначалникот на Охрид и останати експерти во Париз да имаме средба на највисоко ниво,  каде што ќе ги отвориме овие прашања и секако дека нема да одиме спротивно на препораките на УНЕСКО. Многу е значаен статусот кој го има и градот Охрид и Охридското Езеро. Секако дека ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе значи поместување на трасата посеверно или ќе значи целосно нова траса или ќе можеме да се вклопиме во постојната траса, се работи кои ќе ги дискутираме. Тука имаме уникатна состојба и само во овој дел не сакам да се врзувам за рокови, туку и за заштита на сето ова што го имаме – рече тогаш Николоски.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ во програмата за работење за 2025 испланира вкупно 150 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот оператор, а јавното претпријатие има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години кои дополнително ќе се префрлат, пишува во програмата.

Во меѓувреме беше објавена и владината годишна програма за овој проект, каде што е објавено дека за 2025 се предвидени точно 7.592.500.000 денари, односно околу 125 милиони евра за „Бехтел и Енка“.

Тука се предвидени пари за експропријација и судски вештачења, специјален стручен кадар, проектирање,  дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса, геомеханички истраги, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот,  за сеча, дотур и превоз на дрвната маса од земјиштето што е предмет на трајна пренамена за изградба, 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 33-годишен скопјанец – во возилото пронајдени две малолетнички

28/02/2026
Македонија

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг

28/02/2026
Македонија

Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на

28/02/2026
Македонија

Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска

28/02/2026
Македонија

Пронајдена марихуана, пиштол и куршуми – приведени три лица

28/02/2026
Македонија

СТОИМЕ СО АМЕРИКАНСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО СООЧУВАЊЕТО СО ЗАКАНИТЕ НА БЛИСКИОТ

28/02/2026
Македонија

11 македонски државјани побарале евакуација од Израел

28/02/2026
Македонија

Девет македонски државјани побарале евакуација од Израел – МНР со

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42068
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 33-годишен скопјанец – во возилото пронајдени две малолетнички

28/02/2026

На 27.02.2026 околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници сопреле патничко возило кое го управувал З.Т.(33)

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг на министерката Весна Јаневска

28/02/2026

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование

Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на Блискиот Исток

28/02/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, во рамки

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy