Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет
Македонија

Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет

13/07/2023

AA

Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје.

Претседателот на Комисијата за избор Субхи Јакупи соопштувајќи ги првичните резултати попладнево рече дека Наќе Георгиев добил шест гласа како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд на РСМ. Гласале 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени.

Од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови, кандидатката Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје, добила 110 гласови, а Лазар Нанев од Основниот суд Кавадарци добил 49 гласа. За кандидатите од оваа листа гласале 185 од 220 запишани гласачи, 26 ливчиња биле неважечки и 35 неупотребени.

Изборите беа спроведени за да се пополнат две места во Судскиот совет по оставките на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски – судија од скопска Апелација.

Гласањето траеше седум часа (од 8 до 15 часот) и право на глас имаа 236 судии, 16 врховни судии и 220 судии од скопското апелационо подрачје – Основниот граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и основните судови од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и Вишиот управен суд.

Јакупи рече дека Комисијата за избор го следела изборниот процес во сите 13 гласачки места за двете листи на кандидати за кои излезеноста на гласачите била 84 отсто.

-Немаме досега никакви забелешки ниту од кандидати, ниту од комисиите кои го извршиле изборот. Задоволни сме од исходот од изборниот процес, рече Јакупи.

Според член 26 од Закон за Судски совет на РСМ, има два рока за приговори од кандидатите – првиот рок е за текот на гласањето и трае пет часа односно од затворање на гласачките кутии (во 15 часот) и ќе трае до 20 часот.

Вториот рок за приговори до Комисија за избор, кој исто така трае пет часа, се однесува на резултатите и тече од нивното соопштување.

– Ако од кандидатите нема приговори, ние имаме право во рок од 48 часа да ги соопштиме конечните резултати. Ќе причекаме дали ќе има приговори, ако не, може и утре да ги објавиме конечните резултати за двете листи на кандидати, рече Јакупи.

Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина се избираат во Собранието, од кои двајца предлага Претседателот на државата, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.

Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРКА ЗА НАПАД ВРЗ ЖЕНА Викнала другарки и заедно

10/04/2026
Македонија

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРКА ЗА НАПАД ВРЗ ЖЕНА Викнала другарки и заедно ја тепале, едната употребила и

10/04/2026

Полицијата вчера во 22.40 часот во Скопј ја уапсија 18-годишната скопјанка Е.Ј. поради тепачка. „Според пријавеното, околу 21 часот на

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува предизвиците со орган донорството

10/04/2026

Иако медицинските тимови се подготвени да извршат многу повеќе зафати, најголемата пречка останува добивањето согласност од семејствата на починатите. Д-р

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе утврди што се случило

10/04/2026

65-годишен маж од Скопје вчера е пронајден починат во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, соопшти Министерството за внатрешни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy