
Најдобриот играч за врска во Косово две сезони ќе игра за Шкендија!
Станува збор за 28-годишен фудбалер од Косово кој игра во средниот ред и кој во Тетово доаѓа од таборот на Приштина. Тој двапати беше прогласуван за најдобар на својата позиција во Косово, актуелен е освојувач на националниот куп, а во 2018 и 2021 година беше косовски шампион.
Краснижи е второто официјално засилување за Шкендија денеска, откако пред неколку часа беше промовиран и Зија Мерџани, кој се врати од таборот на Струга ТЛ.