
НАЈДЕНО Е ПРЕД ЗГРАДАТА НА НЕГОВАТА ТЕТКА: Дете загина во невремето во Нови Сад
Во невремето кое вчера попладне ја зафати Србија, загина дете во Нови Сад.
Детето Ј.В. на возраст од 12 години е пронајдено во бессознание на улица, пред зградата на неговата тетка. Брзата помош се обидела да го спаси со реанимација која траела еден час, но детето починало.
Српските медиуми пренесуваат дека детето е пронајдено покрај инсталациите за гас кои искреле и дека не се знае дали го удрила струја или гром. Истрагата ќе покаже што се случило.
Во Сомбор и Суботица ветерот собори дрвја.
Ново невреме ја зафати Хрватска, а црвено предупредување беше издадено за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Портокаловото предупредување сè уште е на сила во остатокот од државата.
Невремето направи хаос на Истра, каде дрвја паднаа врз возила, кампови, црква.
фото принтскрин
