Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најбогатиот кумановец доби забрана да продава бензин и ТНГ
Економија

Најбогатиот кумановец доби забрана да продава бензин и ТНГ

15/12/2023

AA

Регулаторната комисија за енергетика му ја одзеде лиценцата на „Детоил“ да продава бензин и течен нафтен гас (ТНГ) на своите бензински пумпи во малопродажба, но и да ги испорачува на големо.

Одлуката е објавена во Службен весник на 7 декември, со што веднаш стапува на сила. Станува збор за делумно одземање на лиценцата, бидејќи „Детоил“ ќе може и натаму да продава дизел и домаќинска нафта, но не и еуросупер 95 и ТНГ.

„Лиценцата се одзема делумно, поради тоа што носителот на лиценцата не ја врши дејноста за која е издадена лиценцата на начин и под услови пропишани со Законот за енергетика и други закони, како и прописите и правилата донесени врз основа на Законот за енергетика“, запишано е во одлуката.

Според сознанијата, „Детоил“ го прекршил правилото за обезбедување на потребниот капацитет на складишта. РКЕ претходно преку опомена оставил рок од три месеци да ги обезбеди складовите, но кумановската компанија не успеала да докаже дека ги има резервоарските капацитети. Од таму ни потврдија дека одлуката е конечна и дека станува збор за нарушување на правилникот. Регулаторот покрај „Детоил“, ги одземал и лиценците на „Унион Гас“ и „Шимов Транспорт“. 

Кон крајот на летото беше објавено дека течат роковите за дури осум компании од бизнисот со нафта и гас, за кои РКЕ поведе постапка за одземање на лиценца. На 14 јули биле известени дека постојат причини за отпочнување на постапката, но не доставиле докази со кои би го разубедиле Регулаторот. Постапка за одземање на лиценца беше почната и за Дади оил, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Башино гас – Велес, Моби петрол – Охрид, Еуро петрол – Чешиново Облешево. Зедничко за сите одлуки на Регулаторот за почнување на постаките за одземање на лиценца е складиштен простор и законски утврдени количества залиха.

„Детоил“ е најголемата кумановска компанија по приходи во 2022, со остварени 54,7 милиони евра и добивка од 476.000 евра добивка. Сопственик е Тони Каранфиловски, кој важи за најуспешен кумановски бизнисмен. Со своите четири фирми лани успеа да направи вкупен приход што надминува 124 милиони евра. Дури три од неговите фирми се во петте најголеми компании во најголемата македонска општина – единствена што има повеќе од 100.000 жители. 

Покрај тоа што е менаџер и сопственик на неговата матична фирма „Квалитет пром“, е косопственик со братот Дејан во „Детоил“. Преку овиe две фирми има деловните потфати со ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и „Рапид Билд“. 

Во вкупната продажба на нафтени деривати на домашниот пазар, „Детоил“ во 2022 остварил 34.401 тони ланската година, а во пазарното учество зафатил 3,4 отсто. Пред него биле само Макпетрол, РКМ, Супертрејд, Лукоил, Дади оил, Окта, Црна Река и Пуцко Петрол. Од прометот, 16.000 тони ги продал на бензински станици, а останатиот дел го испорачал на големо. Компанијата главно тргувала, а незначително увезувала гориво.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав

20/02/2026
Македонија

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

20/02/2026
Македонија

ФОТО Вода тече во училниците во битолското основно училиште Гоце

20/02/2026
Македонија

Мицкоски: Постои сценарио Македонија да влезе во ЕУ на почетокот

20/02/2026
Македонија

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат

20/02/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се

20/02/2026
Македонија

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41696
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав на Надежда Нејнски успех, добрососедство

20/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

20/02/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy