Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На 28-ми септември, г.г. Стефан ќе го освети Храмот „Св. Константин и Елена“
Македонија

На 28-ми септември, г.г. Стефан ќе го освети Храмот „Св. Константин и Елена“

12/09/2025

AA

После 13 години градилиште и лимени тараби, кои со години го нарушуваа изгледот на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, црквата „Св. Константин и Елена“ конечно е целосно завршена. Храмот е подготвен за свечено отворање.

Како што пренесува ТВ21, осветувањето на храмот ќе се одржи на 28 септември. Светата литургија ќе започне во 8:30 часот, а чинот на осветување ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во сослужение со архиереите на Македонската православна црква.

„Осветувањето на храмот Св. Константин и Елена ќе биде на 28 септември. Поканет е државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми, како и сите верници кои сакаат да присуствуваат на овој торжествен чин“, велат од Скопската епархија на МПЦ, пренесува ТВ21.

Изградбата на храмот започна во 2012 година, а средствата во почетокот се обезбедуваа преку донаторски конференции на кои учествуваа политичари, бизнисмени и владици. Сепак, поради финансиски потешкотии, изградбата траеше цели 13 години.

Од МПЦ потсетуваат дека во изминатите години повикувале општествено одговорни личности да помогнат за довршување на објектот, и дека многу бизнисмени дале значаен придонес. Меѓу нив, како што информираат, е и бизнисменот Кочо Анѓушев, кој го финансирал изработувањето на фреските и целокупниот фрескопис.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy