
На 2-ри март започнува судењето за девет полицајци обвинети за трегедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани
На 2 март ќе започне судењето за девет полицијаци кои на 16 март биле присутни во дискотеката „Пулс“ и не ја спречиле активирањето на пиротехниката, што доведе до трагичен исход.
Полицајците се обвинети за загрозување на безбедноста и сигурноста, исто како и останатите 38 обвинети лица на кои веќе им се суди во случајот.
Истовремено, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја прекина истрагата за сличната квалификација против 11 други полицајци, кои беа осомничени за безбедносниот аспект на паркингот и сообраќајните протоколи на денот на трагедијата.

