Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗТ го прегази и Кожув и најдоминантно во историјата дојде до трофејот во Купот!
Спорт

МЗТ го прегази и Кожув и најдоминантно во историјата дојде до трофејот во Купот!

15/02/2025

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжија да жнеат трофеи во Купот на Македонија, откако со вечерашниот триумф над Кожув (86-61) во големото финале на годинешната завршница во Гевгелија дојдоа до 13-тиот пехар во ова натпреварување.

Аеродромци и овој меч го одиграа доминантно како по ниту, потврдувајќи го можеби најдоминантниот триумф во досегашната куп-историја, гледајќи ги сите одиграни натпревари на патот кон славјето. „Металците“ прво го совладаа Работнички со плус 34, потоа беа подобри од Пелистер со 15 поени разлика, за на крајот да финишираат со стил и да победат со позитива од 25 поени во клучната пресметка. Неизвесноста во финалето траеше само во пвите неколку минути, кога домаќинот ја имаше последната предност (7-6), по што аеродромци постигнаа осум поени во низа, а потоа со серија 12-3 дојдоа до плус осум (18-10), предност која само ја зголемуваа до крајот.

Бојан Крстевски со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека зад него се најдоа Андреј Маслинко со 15 поени и Војдан Стојановски со 12 поени. Андрија Стевановиќ со 20 поени беше најпрецизен кај гевгеличани.

МЗТ Скопје со 13-тата победа останува неприкосновен во Купот на Македонија, пред Работнички кој има три триумфи помалку.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy