Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗШВ: Од 2017 година до денес 838 млади земјоделци добиле финансиска поддршка за мерката – Млад земјоделец
Македонија

МЗШВ: Од 2017 година до денес 838 млади земјоделци добиле финансиска поддршка за мерката – Млад земјоделец

25/09/2023

AA

Младите земјоделци се во фокусот на сите мерки, програми и политики, кои изминативе години ги креира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку Програмата за рурален развој предвидени се две мерки, кои даваат директна поддршка за младите земјоделци од 18 до 40 години, односно мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започување на земјоделска дејност“ со грант до 10.000 евра и мерката 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделското производство” со грант до 20.000 евра.

Од 2017 година до денес, финансиска поддршка од овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци, од кои 576 млади добиле грант до 10.000 евра, а 262 млади земјоделци добиле грант до 20.000 евра. Овие факти говорат дека како министерство креираме мерки што докажано даваат резутати.

Уште во 2019 година, како министерство предвидовме измени во Законот за земјоделско земјиште, измени преку кој овозможивме младите земјоделци да добијат земја под закуп, при тоа ослободувајќи ги да не плаќаат закупнина во првите три години.

Распишан е и во тек новиот јаевен повик за поддршка на младите земјоделци преку мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“,од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Мерка која овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник. Нашата искрена грижа и поддршка за младите земјоделци ја потврдуваме, воведувајќи за прв пат од овој повик, можност за авансна исплата на средствата во вредност од 40 % веднаш по потпишување на договорот.

Поддршката за младите земјоделци преку овој јавен повик е во форма на грант и  подразбира исплата на неповратни средства во висина до 600.000 денари со ко-финансирање од 100% на вкупно одобрените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Барателот треба да е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години и барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделско стопанство, или воспоставување на новото земјоделско стопанство во Единствениот регистер на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води министерството.

Повикот е наменет за набавка на опрема за производство и преработка на земјоделски производи. Напоменуваме дека набавка на трактор и приклучна механизација не се прифатлив трошок со овој јавен повик.

Зантересираните апликанти повеќе информации можат да најдат на следниот линк https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/JavniPovici/2?fbclid=IwAR0P_o7C8lr2fyCJ-3LIS7RblaCI6ROpLJLvhI_s-SBFYtOvO0b-StNuAsE

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски

08/02/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy