
МЗ со детали за ужасот каде дете беше претепано: Мајката ја донела во болница!
На 19 декември, во Ургентниот центар во ОБ Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка,која во болницата е донесена од нејзината мајка.
Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија, во Скопје.
И покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година.
Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи.