Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
Македонија

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

18/04/2024

AA

Министерството за здравство денеска го повтори ставот дека решение за приватните специјализанти кои од понеделникот се во штрајк ќе има по изборите.

– Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти.Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус.  На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности, наведува МЗ во соопштение.

Во однос на двете барања на приватните специјализанти, посочува дека „дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10 проценти од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок“.

-Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надомест, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување.  Ставот на Министерството е позитивен кон нив, со цел да им се излезе во пресрет, но решение ќе има после изборите. Овие години, се направи значителен напредок со покачување на платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и вратено е достоинството на сите здравствени работници и соработници, стои во соопштението.

Над 400 приватни специјализанти пред четири дена стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски, со барања да им биде зголемен надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, да добијат здравствено осигурување и да им се реши статусот што сега им е со договор на дело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II

01/10/2026
Македонија

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345

01/10/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА

01/10/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45906
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II не бил „Бугароубиец“ кога војувал

01/10/2026

Новите непријатели произлезени од Самуиловата држава биле означувани како „Скити“ и во фиктивниот епитаф на Никифор II Фока, содржан во

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345 барања за електронски услуги

01/10/2026

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА СО ТРОМБОЗА Не ѝ ја

01/10/2026

Битолското обвинителство поднесе обвинение против петмина лекари поради несовесно лекување што резултирало со смртен исход на пациентка. Врз основа на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy