
МЗ ќе формира комисија за случајот со новороденчето од Ресен
Министерството за здравство ќе формира комисија која ќе треба да утврди дали имало пропусти во лекувањето на родилката и новороденчето од Ресен кое минатата недела почина 30 часа по породувањето. По барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат, денеска министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите рече дека ваква комисија ќе се формира. […]
