
МВР со детали за пожарот во КПУ Битола, имало итна евакуација!
На 11.07.2023 во 19.23 часот во СВР Битола е пријавено дека околу 19.20 часот настанал пожар во една од ќелиите во Казнено-поправната установа Затвор Битола.
Осудените лица се евакуирани, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот е изгаснат.
Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.