Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муртезани: Реформската агенда е можност за трансформација на приватниот сектор
Македонија

Муртезани: Реформската агенда е можност за трансформација на приватниот сектор

13/03/2025

AA

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше поздравно обраќање на работилницата насловена „Ориентација кон иднината: бизнис-можности и предизвици во рамките на Реформската агенда за Западен Балкан 2024-2027 година“. На работилницата присуствуваа бизнис-лидери, претставници на приватниот сектор, сопственици и менаџери на мали и средни претпријатија, претставници на индустриски здруженија и други засегнати страни од приватниот сектор.

Во своето обраќање, министерот Муртезани ги истакна клучните придобивки и предизвици на Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија за бизнис секторот. Тој посочи дека реформите, усогласени со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, се клучни за поттикнување на економскиот напредок на земјата, подобрување на бизнис окружувањето, зајакнување на енергетските и дигиталните транзиции, и зајакнување на владеењето на правото. Министерот, исто така, ги нагласи можностите за трансформација на приватниот сектор и важноста од активно вклучување на бизнис заедницата во реформските процеси.

„Реформската агенда и Планот за раст претставуваат можност за трансформација на приватниот сектор во нашата земја. Вашите идеи и размислувања се клучни во овој период на трансформација. Тогаш, да работиме заедно за Реформската агенда да се преточи во вистински, одржлив раст за бизнисите во Северна Македонија“, изјави МЕП Муртезани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy