Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мурал во чест на Андреј од ДНК: „Андреј ќе живее вечно како низ песните, така и преку муралот“
Македонија

Мурал во чест на Андреј од ДНК: „Андреј ќе живее вечно како низ песните, така и преку муралот“

06/05/2025

AA

Во чест на трагично починатиот пејач Андреј Ѓорѓиевски од групата ДНК, во близина на скопското кафуле „Шо има“ изработен е мурал кој го овековечува неговиот лик и уметност.

Муралот е иницијатива на сопственикот на кафулето, Дамјан Јордановски, кој преку објава на Инстаграм сподели колку многу значел Андреј за него и за посетителите на локалот. Тој напиша дека секојдневно ја споделувал љубовта кон него преку музиката на ДНК која постојано се слушала таму.

„Тргнувајќи од себе, љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ја пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат: ‘досаден си, Дамјан, дај смени’“, напиша тој.

Дента кога се случила трагедијата, Дамјан раскажува дека отишол сам во кафулето да чита книга, обидувајќи се да се справи со шокот, кога ја слушнал веста за смртта на Андреј.

„Затоа решив трите работи што ми значат – кафулето, Андреј и омилената песна – да ги спојам во едно. Ова е најмалку што можев да направам“, додава тој во објавата.

Муралот ќе остане како симболична и трајна почит кон пејачот, кој со своите песни ги обединуваше генерациите.

„Андреј ќе живее вечно – како низ песните, така и преку муралот што ќе нè потсетува на неговото дело и ќе ни буди добри спомени“, порачува Дамјан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на

19/08/2026
Македонија

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во

19/08/2026
Македонија

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин,

19/08/2026
Македонија

Мечка забележана на само 30 метри од првите куќи во

19/08/2026
Македонија

Четири активни пожари во Македонија: Гори кај Студеничани, Прилеп, Охрид

19/08/2026
Македонија

Пченицата пред нов ценовен шок, поскапувањето ќе го почувствуваме и

19/08/2026
Македонија

Од 1 септември се враќа автобусот 37: Нова траса од

19/08/2026
Македонија

Температурите ќе скокнат над 40 степени, за викенд можно невреме

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45112
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на хлорот и испирање на мрежата

19/08/2026

Подобрување на контролата на водата за пиење, континуирано следење на хлорот и посистематско одржување на водоводната мрежа се дел од

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во Гостивар

19/08/2026

Повеќе од еден килограм златен накит е одземен при акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, соопшти полицијата. Контролата

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин, чека донор за трансплантација на

19/08/2026

Пациент од Охрид со сериозно срцево заболување е итно транспортиран во Германија, каде ќе продолжи со лекување и ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy