Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм: Благодарност за грижата кон повредените од пожарот во Кочани
Македонија

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм: Благодарност за грижата кон повредените од пожарот во Кочани

12/05/2025

AA

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм: Благодарност за грижата кон повредените од пожарот во Кочани

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани

Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја посети универзитетската болница „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани четворица пациенти повредени во пожарот во Кочани.

Во текот на посетата, министерот оствари средба со раководството на болницата, при што беа презентирани капацитетите, ресурсите и експертизата со кои располага оваа реномирана здравствена установа, која во 2025 година беше рангирана како петта најдобра болница во светот.

Министерот Муцунски изрази искрена благодарност до целиот медицински персонал за солидарноста, високото ниво на грижа, стручност и професионалност.

„Имавме одлична можност прво да се заблагодариме на директорот на болницата, на докторите и медицинските сестри кои што работеле со нашите пациенти, но исто така да ја искористиме оваа посета за да извлечеме искуства и дополнителен мотив за соработка,“ изјави министерот Муцунски.

Во рамки на разговорите се отвори и прашањето за можностите за воспоставување институционална соработка помеѓу македонското и шведското здравство, со акцент на размена на искуства, експертиза и поддршка.

„Разговаравме за понатамошна соработка помеѓу нашите медицински центри и нашите здравствени власти со Медицинскиот центар ‘Каролинска’, и тоа во многу конкретни области. Останува да ги пренесеме тие контакти и можности до институциите во Скопје и заедно со колегите да почнеме поактивно да ја развиваме таа соработка во делот на здравството,“ додаде министерот во својата изјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА

03/11/2026
Македонија

ЛДП БАРА ВЛАДАТА ДА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД КОАЛИЦИСКИОТ ПАРТНЕР БОГОЈEСКИ Неговиот

03/11/2026
Македонија

СДСМ И ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, СЕГА ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ

03/11/2026
Македонија

ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАДИНАТА

03/11/2026
Македонија

ЗА ПАРИ ИМ МЕНУВАЛ ОЦЕНКИ НА СТУДЕНТИ ОД ТУРЦИЈА Претреси

03/11/2026
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46529
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА Мисајловски го оцени зголемувањето како

03/11/2026

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска соопшти дека платите на вработените во армијата и во одбраната ќе бидат покачени за

ЛДП БАРА ВЛАДАТА ДА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД КОАЛИЦИСКИОТ ПАРТНЕР БОГОЈEСКИ Неговиот средновековен шовинизам е шлаканица за

03/11/2026

Некаков средновековен „машки надзор” е скандал од невидени димензии, реагира со огорченост Либерално-демократската партија (ЛДП) на огласувањето на коалициониот партнер

СДСМ И ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, СЕГА ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА АЛТА БАНКА Сега се

03/11/2026

Лицемерието на СДСМ и на Венко Филипче повторно излегува на површина, денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy