Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Му дошол дома да го убие: 37-годишен скопјанец останува во притвор!
Македонија

Му дошол дома да го убие: 37-годишен скопјанец останува во притвор!

09/03/2025

AA

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело -Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во врска со истиот настан, поднесен е и Обвинителен предлог против уште едно лице за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 37-годишник, поради нерасчистени претходни должничко-доверителски односи, на 10.12.2024 година во селото Мирковци сo умисла се обидел да лиши од живот едно лице.

Пред куќата на таткото на жртвата двајцата обвинети дошле заедно со такси и го повикале oштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал еден проектил директно кон оштетениот. Тој го забележал оружјето навреме и веднаш се повлекол зад вратата која автоматски се заклучува, а куршумот завршил во ѕидот, веднаш до рамката од влезната врата.

Обвинетиот почнал да тропа и удира со нога по вратата, обидувајќи се насилно да влезе во куќата, но не успеал, по што двајцата обвинети заедно избегале.

Вториот обвинет, за да му помогне на првообвинетиот по извршеното кривично дело, го зел кај себе пиштолот. На 23.12.2024 година со истиот пиштол сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност за што врз основа на признание на вина е осуден на 22.01.2025 година.

Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот. Вториот обвинет, пак, се наоѓа во притвор до правосилност на пресудата за предизвикување општа опасност која му е изречена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
Македонија

📽️ ПИТОНИ И ДРУГИ ЗМИИ ЗАВРШИЈА ВО РАЦЕТЕ НА ЦАРИНИЦИТЕ

10/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ВО УЛОГА НА БУГАРСКИ АМБАСАДОР Манасиевски тврди дека СДСМ

10/10/2026
Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА Скопје

10/10/2026
Македонија

„МАСТЕР ПЛАНОТ“ НА ФИЛИПЧЕ Е ДА Ѝ СЕ УМИЛКУВА НА

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46095
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири преку Атлантикот, ЕУ мора да

10/10/2026

Влијателниот германски медиум „Die Tagespost“ ги користи тезите на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за позицијата на ЕУ и чекорите што

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува приближување на ставовите и решение

10/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дијалогот со Бугарија да продолжи и во наредниот период да има приближување на ставовите, со цел

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот специјалитет со рекордна тежина од

10/10/2026

Со сечењето на џиновската пита, синоќа во Велес започна традиционалната манифестација „Питијада 2026“. Годинашната пита била долга рекордни 4,4 метри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy