Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мостот „Беласица“ се вештачи, во наредните денови ќе биде донесена одлука дали ќе врати во употреба
Македонија

Мостот „Беласица“ се вештачи, во наредните денови ќе биде донесена одлука дали ќе врати во употреба

17/05/2023

AA

Во однос на различните тврдења околу неодамна опожарениот мост „Беласица“ Град Скопје информира дека во овој момент се работи на вештачење на неговата состојба со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување и дека во наредните денови ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба.

– Во моментот мостот е затворен како превентива, се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните, стои во соопштението на Град Скопје.

Оттаму велат дека ги демантираат и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата и апелираат да не се предизвикува паника во јавноста со, како што се вели во соопштението, паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања.

Инаку, ноќта помеѓу 11 и 12 мај, изби пожар во мостот „Беласица“, којшто според известувањата Центарот за управување со кризи, бил пријавен околу полноќ на единствениот број за итни повици 112. На мостот интервенираа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, којашто била на терен со осум противпожарни возила и 21 пожарникар и пожарот беше изгаснат околу четири часот наутро.

Од противпожарната единица, тогаш за МИА изјавија дека Запалена била електрична инсталација и систем за парно греење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42427
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско

13/04/2026

Одбележуваме 14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско. На 12-ти април во 2012 година,

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно внеле 21-годишник од Неготино во

13/04/2026

На 12.04.2026 во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар- Гостивар бил донесен малолетник од с.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy