Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН со нов повик за субвенциониран студентски оброк – проширен опсегот на мерката
Македонија

МОН со нов повик за субвенциониран студентски оброк – проширен опсегот на мерката

14/04/2025

AA

Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите
запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Согласно законските измени, на следниот линк е објавен нов повик за остварување на правото, на кој можат да се пријават сите студенти кои припаѓаат на некоја од категориите согласно проширениот опсег на мерката. Рокот за аплицирање на овој вонреден повик трае од 14 до 16 април. Студентите пак, кои досега го остварувале ова право, немаат обврска да се пријават на повикот, односно продолжуваат со користење
на мерката.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна. Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота во текот на академската година, со исклучок на периодот од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и неработни денови.

Од следниот месец – мај 2025 година, продолжува обврската на МОН за објавување на повици на месечно ниво, од први до петти во месецот, на кои ќе можат да сепријавуваат сите студенти кои претходно не ги исполнувале условите или поради било какви причини не аплицирале и не го оствариле ова право.

Проширувањето на опсегот на мерката е барање на Националното студентско тело.

Добрата соработка на МОН со студентските организации продолжува, како и заложбите на институцијата за олеснување на образовниот процес на младите. Во Буџетот на министерството за 2025 година, средствата за студентски стандард се зголемени за 18% споредбено со лани и изнесуваат речиси 2 милијарди денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46764
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

13/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата

13/11/2026

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на Алта банка и губење на пари

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на

13/11/2026

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy