
Момче во Модрич се заканувало и пукало со пушка
Момче се заканувало и пукало со пушка во околината на Модрич во Босна и Херцеговина (БиХ).
Станува збор за малолетник кој пукал во воздух. Вчера околу 00:35 часот во полициската станица во Модрич е пријавено дека на спортски терен на подрачјето на општината настанала вербална расправија помеѓу малолетник и друго лице со иницијали М.М од подрачјето на општина Шамац, пишува „Српскаинфо“. По пукањето, малолетникот се оддалечил од местото на настанот, велат од Полициската управа во Добој. По двата масакри во Србија, полицијата во регионот апси лица кои се закануваат со оружје или носат оружје со себе на училиште. Такви случаи имаше во Србија, БиХ, Црна Гора.
