
МНР СО ИТЕН АПЕЛ: Не патувајте на Блискиот Исток, се подготвуваат сценарија за евакуација на македонските граѓани
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) излезе со итно предупредување до македонските државјани строго да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток. Реакцијата доаѓа по најновите случувања и обидите за проширување на конфликтот, кои сериозно ја загрозуваат регионалната и меѓународната стабилност.
Од Министерството посочуваат дека со внимание и загриженост ја следат состојбата, особено поради очигледните обиди на Иран да го прошири својот дострел на дејствување. Според нивните информации, покрај Израел, мета на таргетирање се и повеќе арапски држави и странски бази во регионот:
Министерството недвосмислено ги осуди сите напади врз пријателските земји и партнери.
Врвен приоритет на Владата во овој момент останува безбедноста и поддршката на македонските државјани кои по различни основи престојуваат во кризниот регион.
