Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНР ја осудува изјавата на Костадинов: “Напад врз суверенитетот на државата”
Македонија

МНР ја осудува изјавата на Костадинов: “Напад врз суверенитетот на државата”

09/01/2025

AA

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија остро реагираше на објавата на лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, објавена на социјалната мрежа Facebook. Во својата изјава, Костадинов изразува територијални претензии кон Северна Македонија, што МНР го квалификува како „директен напад врз суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава“.

Во реакцијата, Министерството нагласува дека ваквите изјави на бугарски официјални лица се не само неприфатливи, туку и спротивни на основните принципи на меѓународното право, кои подразбираат немешање во внатрешните работи на суверени држави. Дополнително, ваквите изјави го нарушуваат процесот на градење добрососедски односи, кој е суштински за регионалната стабилност и европските интеграции.

„Очекуваме официјална Софија јавно да ја осуди оваа недолична изјава на Костадинов како непримерна за духот и времето во кое живееме, но и спротивна на европските стандарди и нашите заеднички заложби за мир, стабилност и просперитет во регионот“, се вели во реакцијата на Министерството.

МНР потсетува дека градењето на добрососедски односи е клучен дел од политиката на Северна Македонија, како и од заедничките европски вредности што треба да ги почитуваат сите земји во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
Македонија

Уставниот суд се отвора за граѓаните: Средби со претседателот Костадиновски

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41494
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите

15/02/2026

Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен – Украинскиот претседател се жали

15/02/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Додека Мицкоски ја

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на терен – се испумпува вода

15/02/2026

Висок владин и општински врв денеска итно излезе на терен во општина Сарај за да ја координира битката со поплавите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy