Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ММФ: ЗНАЧИТЕЛЕНО ЗАБАВУВА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА – Еве колкав раст ја очекува Македонија годинава
Економија

ММФ: ЗНАЧИТЕЛЕНО ЗАБАВУВА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА – Еве колкав раст ја очекува Македонија годинава

11/04/2023

AA

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновата прогноза за светската економија објавен денеска, малку ги намали изгледите за глобалниот раст за тековната година, бидејќи зголемените каматни стапки ја забавија економската активност и предупреди дека натамошните превирања во финансискиот систем може да го намали производството на ниво блиску до рецесија.

Според Ројтерс, ММФ сега предвидува раст на глобалниот реален БДП од 2,8 отсто во 2023 година и 3,0 отсто во 2024 година, што е нагло забавување од растот од 3,4 отсто во 2022 година поради заострената монетарна политика.

Дополнително, ММФ предвидува глобална инфлација од седум отсто оваа година, што е намалено од 8,7 отсто во 2022 година, но е повисока од јануарската прогноза од 6,6 отсто за 2023 година, пренесува АП.

Во однос на Македонија, податоците кои ги објави ММФ покажуваат дека за оваа година монетарците очекуваат нашата економија да порасне само 1,4 отсто. Веќе за следната година економијата ќе забрза и ќе достигне раст од 3,6 проценти. 

За нашите соседи, Србија, пргнозите се дека годинава ќе имаат раст од 2 отсто, додека следната година 3 проценти

Кога станува збор за балканскиот регион, барем според достапните проекции, повеќето земји ќе имаат значителен пад на БДП во однос на минатата година.

Албанија годинава ќе се намали од минатогодишните 3,7 отсто на 2,2 проценти, додека следната година ќе се искачи на 3,3 отсто.

БиХ ќе го замени минатогодишниот раст од 3,8 отсто со пад до 2 отсто оваа година и раст до 3 проценти следната година.

Хрватска, која штотуку влезе во еврозоната, од минатогодишните 6,3 отсто оваа година брзо ќе се намали на 1,7 проценти, додека следната година се очекуваат околу 2,3 отсто.

Косово ќе биде едно од ретките што ќе бележи раст во однос на ланските 2,7 проценти, па годинава се очекуваат 3,5 отсто, а следната 3,9 проценти раст на економијата.

Се чини дека Црна Гора ќе го следи остатокот од регионот со пад од нешто повеќе од 3 отсто, така што годинава ќе има 3,2 проценти, а следната година повторно ќе падне на 3 отсто.

Македонија 2022 година ја заврши со раст од 2,2 проценти, додека годишниот БДП ќе изнесува скромни 1,4 отсто, со тенденција за подобрување на состојбата следната година со 3,6 проценти.

Споредено со 2022 година кога Србија имаше раст од 2,3 отсто оваа година ќе се намали на 2 проценти, а следната година ќе порасне на 3 отсто.

Словенија, како уште една земја во регионот која е во еврозоната, од минатогодишните 5,4 отсто забрзано ќе падне на 1,6 проценти оваа година, а следната година треба да достигне 2,1 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42383
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и сплотеност за Велигден

11/04/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со велигденска порака повика на мир, надеж и семејна сплотеност, нагласувајќи ја симболиката на традиционалното вапцање јајца

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е семејна блискост

11/04/2026

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати порака до граѓаните по повод Велигден, нагласувајќи ја симболиката на традиционалните обичаи и нивното значење за

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy