Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ММФ СО НАЈНОВИ ПРЕПОРАКИ: Да се истиснат нетаргетираните енергетски субвенции и да зајакне поддршката за ранливите домаќинства
Економија

ММФ СО НАЈНОВИ ПРЕПОРАКИ: Да се истиснат нетаргетираните енергетски субвенции и да зајакне поддршката за ранливите домаќинства

23/01/2024

AA

Извршниот одбор на ММФ ги заокружи консултациите во
врска со членот IV за 2023 година и го заврши првиот
преглед во рамките на аранжманот за претпазливост и
ликвидност за Република Северна Македонија.

Еве што напишаа тие во своето финално соопштение. 

Завршувањето на прегледот им овозможува на властите да имаат пристап до 161,35
милиони специјални права на влечење (SDR) (еквивалентно на околу 200 милиони
евра според сегашниот курс или 115 проценти од квотата). 

• Властите имаат намера да повлечат 119,26 милиони специјални права на влечење
(или 85 проценти од квотата), а преостанатиот износ да го третираат како сигурност
за цели на претпазливост од надворешни шокови. 

• Властите напредуваат во насока на целите на Инструментот за претпазливост и
ликвидност (PLL), што вклучува заштита на јавните финансии, намалување на
енергетските субвенции, справување со високата инфлација и обезбедување
финансиска стабилност. 

Економијата се опоравува по наглото зголемување на цените
на енергенсите и храната предизвикано од руската војна во Украина. Економската
активност во 2023 година беше придвижувана од значителниот извоз како и од
намалениот увоз на енергија, и таа се движи во насока на зајакнување во 2024
година. 

Подолу прочитајте што детално образложуваат од Фондот по псследниот преглед и консултации. 

Целта на Инструментот за претпазливост и ликвидност, кој беше одобрен во ноември
2022 година и им дава на властите пристап до 406,87 милиони специјални права на влечење (или 290 проценти од квотата), беше да обезбеди достапност на финансиски
средства во време на предизвици кога се работи за пристапот до финансиски пазари,
истовремено поддржувајќи ги напорите на властите за намалување на енергетските
субвенции (фискална ранливост поради енергетскиот шок) и овозможувајќи подобро
насочена поддршка наменета за ранливите домаќинства на кои таа најмногу им е
потребна, како и консолидирање на јавните финансии.
Успешното завршување на првиот преглед претставува значаен чекор во насока на
зајакнување на економската отпорност на Северна Македонија. 

Властите напредуваат
во насока на целите на Инструментот за претпазливост и ликвидност (PLL), што
вклучува заштита на јавните финансии, намалување на енергетските субвенции,
справување со високата инфлација и обезбедување финансиска стабилност.
Фискалната консолидација планирана за 2024 година има за цел да го донесе Буџетот
поблиску до прагот од 3 проценти од БДП согласно Законот за Буџетите на Северна
Македонија. Дополнително на ова, таа има за цел да изгради бафери во случај на
потенцијални надминувања на трошоците предвидени за изградба на патните коридори
8 и 10-д како и за други трошења. Мерките кои неодамна беа преземени ќе ја намалат
ранливоста на буџетот од ненадејни зголемувања на енергетските субвенции. 

Економијата бележи опоравување по зголемувањето на цените на храната и
енергенсите предизвикани од руската војна во Украина. Економската активност во 2023
година беше придвижувана од значителниот извоз како и од намалениот увоз на
енергија, и таа се движи во насока на зајакнување во 2024 година. 

Планираното
зголемување на јавните инвестиции, пред сè започнувањето на изградбата на патните
коридори 8 и 10-д, дополнително ќе го поттикнат економското опоравување.

Иако
инфлацијата и понатаму претставува предизвик, таа значително се намали поради
пониските цени на енергенсите и храната на глобално ниво, во комбинација со
монетарното затегнување. Подобрениот надворешен трговски биланс, кој делумно се
припишува на острото намалување на глобалните цени на енергијата, заедно со
отпорните странски директни инвестиции, ги одржуваат девизните резерви на
адекватно ниво. 

Банкарскиот сектор и понатаму е ликвиден, добро капитализиран,
профитабилен, при што нефункционалните кредити се стабилни и се на историски
најниско ниво.

Дискусиите во врска со членот IV ставија акцент на среднорочните предизвици. 

Северна
Македонија бележи забавена конвергенција кон ЕУ во последнава деценија, и тоа
најмногу поради недоволното инвестирање, големата емиграција и нискиот раст на
продуктивноста. 

Северна Македонија, исто така, е изложена на климатски промени и
таа ќе биде под влијание на Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување на ЕУ
(EU-Carbon Border Adjustment Mechanism). Државата има голем потенцијал да ги намали
емисиите на јаглерод преку инвестирање во обновливи извори на енергија и
деактивирање на старите електрани на јаглен. 

По дискусиите во рамките на Извршниот одбор, г-динот Бо Ли, заменик директор и
претседавач на Одборот, ја даде следнава изјава:
„Северна Македонија се опоравува од двојните шокови предизвикани од пандемијата на
КОВИД-19 и наглото зголемување на цените на енергијата предизвикано од руската
инвазија на Украина. Државата и понатаму се квалификува за Инструментот за
претпазливост и ликвидност бидејќи има здрави економски основи и рамки на
институционални политики, и исто така спроведува здрави политики. Владата ја исполни целта за остварен дефицит во
2023 година, а неодамна усвои и силен сет на мерки кои материјално ќе ги намалат
енергетските субвенции. Властите се посветени на тоа зголемувањето на платите да
биде ограничено во рамките на она што е договорено со Општиот колективен договор. 

Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) значително ја затегна
монетарната политика, што ја намали инфлацијата и помогна да се стабилизира
девизниот пазар. Во овој контекст, резервите беа зголемени во 2023 година и тие се на
здраво ниво. Финансискиот сектор е профитабилен, ликвиден и добро капитализиран.

Гледано во перспектива, политиките на властите се фокусираат на континуирана
фискална консолидација со цел повторно градење на баферите. Во овој контекст,
Собранието донесе кредибилен Буџет за 2024 година, кој таргетира остварување на
значителна фискална консолидација и истовремено има простор за приоритетни
трошења. 

Властите и понатаму остануваат посветени на зајакнувањето на даночната
усогласеност и зголемување на јавните инвестиции, истовремено управувајќи со
поврзаните фискални ризици, вклучувајќи ги и оние кои произлегуваат од проектот за
изградба на коридорите 8 и 10-д. 

Исто така, властите планираат во целост да ги
истиснат нетаргетираните енергетски субвенции, да ја зајакнат поддршката наменета за
ранливите домаќинства, како и да ја подобрат енергетската ефикасност. 

НБРСМ е
посветена на понатамошно затегнување на политиката доколку дојде до остварување
на инфлациски ризици, и продолжува да работи во насока на зајакнување на
механизмот за монетарна трансмисија, подобрувајќи го следењето на ризиците кај
банките и супервизијата, како и рафинирање и операционализирање на
макропрудентните и рамките за решавање. 

Северна Македонија се соочува со значителни предизвици на среден рок. Намалување
на емиграцијата и поттикнувањето на продуктивноста се од суштинска важност за
повторно забрзување на конвергенцијата на приходите со оние од ЕУ. Северна
Македонија, исто така, е изложена на климатски промени и таа ќе биде под влијание на
Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување на ЕУ (EU-Carbon Border Adjustment
Mechanism). Справувањето со овие предизвици, меѓу другото, бара подобрување на
деловното опкружување и на владеењето на правото, како и забрзување на зелената
транзиција“, се вели во изјавата на Ли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy