
МЛАДИНСКА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО СВЕТОТ: Во кои делови е најтешко да најдат работа?
Се намалил бројот на младите во светот кои се без работа.
Невработеноста на младите ширум светот лани се намали на околу 13 отсто. Тоа значи дека околу 64 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години биле без работа. Извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) предвидува дека оваа стапка ќе се сведе на 12,8 проценти оваа и следната година, и се наведува дека стапките на невработеност во 2023 година се вратиле на стапките пред пандемијата на корона. Сепак, тоа не важи за сите региони во светот, објави Ројтерс.
За младите во арапските држави, Источна Азија, Југоисточна Азија и Пацификот, стапките на невработеност кај младите лани беа повисоки отколку во 2019 година, при што трендот во арапските земји се случи пред пандемијата, додека пораст на невработеноста е забележан во азиските подрегиони.
foto freepik.com
