Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Млада жена починала откако испила премногу вода за прекратко време
Македонија

Млада жена починала откако испила премногу вода за прекратко време

05/08/2023

AA

35-годишна жена починала откако испила премногу вода за кратко време, пренесоа американските медиуми, цитирани од британските изданија „Телеграф“ и „Индипендент“. Приказната е објавена и на специјализираната здравствена страница health.com.

На почетокот на јули, Ешли Самерс зеде слободно време за да го прослави Националниот ден на Соединетите Држави со своето семејство. Таа го помина викендот пред 4 јули со сопругот и нивните две ќерки на езерото Фримен во Индијана.

За време на престојот, жената наеднаш се почувствувала многу дехидрирано, се пожалила на страшна жед и рекла дека едноставно не пие доволно вода, пренесуваат локалните медиуми.

Нејзиниот сопруг подоцна изјавил дека Ешли испил четири шишиња вода за 20 минути – секое по 500 милилитри. Така таа испила околу два литра вода речиси одеднаш, што е блиску до препорачаниот дневен внес на течности.

Вечерта, Самерс се чувствувала како да има нетолеранција на вода, рекла дека чувствува вртоглавица и дека има силна главоболка.

Кога семејството се вратило од езерото, жената паднала во својата гаража и веднаш била пренесена во најблиската болница. Таму откриле дека има едем на мозокот, за кој не знаеле што да прават.

Жената никогаш не се освестила и починала утрото на 3 јули. Како причина за смртта лекарите му укажале на семејството на Ешли – труење со вода.

„Тоа беше шок за сите нас. Кога почнаа да зборуваат за интоксикација со вода, стана уште полошо, не ни знаевме дека постои такво нешто“, вели братот на Ешли.

Премногу вода и недоволна сол во телото

Според токсикологот д-р Блејк Фроберг, оваа ретка причина за смрт е поверојатно да се појави во лето кога работите или спортувате на отворено.

„Ризикот се зголемува кога внесувате премногу вода, а количината на натриум во вашето тело е премала. Симптомите на интоксикација со вода вклучуваат општа малаксаност, грчеви во мускулите, болки, гадење и главоболка. Ниското ниво на натриум може да доведе до сериозна дисфункција на мозокот, а понекогаш дури и до смрт“, коментира тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42431
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy