
Миротиќ не игра во Белград, а „Гробари“ жестоко удрија по него (ФОТО)

Вечерва, АБА шампионот го пречека токму италијанскиот првак Олимпија, но на теренот во белградската Арена не се појави Шпанецот со црногорско потекло. Официјалната причина е повреда, ама навивачите на Партизан се сомневаат дека Миротиќ лажирал за да не се појави пред нив.
Тоа дополнително ги предизвика да испратат навредлива порака до него, преку неколку транспаренти пред почетокот на мечот. Тоа не беше единствен начин на кој фановите на Партизан го навредуваа Миротиќ, туку во повеќе наврати и погрдно скандираа по искусниот крилен центар.

