
Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 240.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на минималната плата.
Според Миноски, во актуелниот трипартитен дијалог помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите, недостига сеопфатна анализа за нето-ефектите од покачувањето на минималецот.
Тој нагласи дека секоја ваква политика мора да ги земе предвид клучните економски параметри: продуктивноста на трудот, вработеноста, инфлацијата и растот на БДП.
Миноски откри податоци од анализа во која самиот учествувал, а која нуди конкретни бројки за тоа што би значело зголемување на минималната плата на ниво од 600 евра:
„Овие симулации покажуваат дека таквото зголемување би придонело за раст на бруто домашниот производ (БДП) и на вработеноста во одредени сектори, како што е услужниот сектор, со незначително влијание врз инфлацијата“, истакна Миноски.
Екс-министерот смета дека е неопходно Економско-социјалниот совет, како тело што ги обединува сите социјални партнери, да нарача официјална експертска анализа.
Целта е дијалогот да се води со релевантни податоци, што би го олеснило процесот на донесување одржливи одлуки за македонската економија и за стандардот на граѓаните.
