Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно е колку економијата е подготвена
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно е колку економијата е подготвена

26/02/2026

AA

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде што го коментираше најавениот договор со Соединетите Американски Држави, според кој Македонија би отстапила 0% царини за американските производи.

Во однос на најавите, Миноски истакна дека глобалната трговска сцена во последните години е исклучително динамична и непредвидлива.

„Гледаме дека ситуацијата во САД неколкупати се менуваше, имаше и одлуки од Врховниот суд кои влијаеја врз трговските политики. Во такви услови е тешко да се даваат конечни оценки“, посочи тој.

Тој потсети дека во 1990-тите години, со формирањето на Светска трговска организација по завршувањето на Уругвајската рунда преговори, глобализацијата го достигна својот врв. Но денес, како што нагласи, сведоци сме на промена на економските парадигми – раст на кинеската економија, нови геополитички тензии и зголемување на царинските и нетарифните бариери.

Според Миноски, ваквите глобални трендови директно влијаат врз македонската економија, која е мала и високо отворена.

„Нашата надворешно-трговска размена е значајна во однос на големината на економијата. За нас е исклучително важно да имаме пристап до поголеми пазари со што помалку бариери“, истакна тој.

Тој потенцираше дека стратешката ориентација на државата останува интеграцијата во Европска Унија, бидејќи најголемиот дел од трговската размена – околу 70%, а со регионот и до 80% – се одвива токму со земјите членки на Унијата.

„Европската Унија е нашиот најзначаен трговски партнер. Единствениот европски пазар претставува една од најголемите и најбогатите економски зони во светот“, нагласи Миноски.

Во однос на евентуалниот договор со Соединети Американски Држави, Миноски оцени дека секое намалување на царинските бариери е позитивно од аспект на пристап до пазар.

Сепак, тој предупреди дека американскиот пазар е специфичен и исклучително конкурентен.

„Дури и со 0% царини, за македонските компании е тешко да пристапат на тој пазар. Потребни се ресурси, исполнување на строги стандарди и економија на обем за да се биде конкурентен“, истакна Миноски.

Според него, суштинското прашање не е само дали има формален пристап, туку дали домашната економија има капацитет – компании што можат да понудат производи и услуги во доволен обем и со соодветен квалитет.

Дополнително, Миноски посочи дека предноста на европската интеграција е и во тоа што Унијата склучува договори со други економски блокови, со што индиректно се проширува пристапот до нови пазари.

Во тој контекст го спомена и блокот Меркосур, со кој Европската Унија има договори за соработка, што отвора дополнителни можности за земјите поврзани со европскиот пазар.

Миноски заклучи дека намалувањето на царинските бариери генерално е позитивен чекор, но дека клучно е домашната економија да биде структурно подготвена и конкурентна. Без доволен производствен капацитет, стандарди и економија на обем, формалниот пристап до големи пазари нема автоматски да значи и зголемен извоз.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе

26/02/2026
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
Македонија

Миноски на 4TV.mk: Потребни се сеопфатни анализи за минималната плата

26/02/2026
Македонија

Стојаноски: Додека некои синдикалци бркаат политички амбиции, други склучуваат историски

26/02/2026
Македонија

Стојаноски најави драстични казни и затворање на маркети кои профитираат

26/02/2026
Македонија

СОНЧЕВ ДЕН СО МАЛКУ ОБЛАЦИ И ВЕТЕР Доаѓа затоплување, со

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе ја исчистиме државата од политичките

26/02/2026

На уште неколку правни лица на следната владина седница ќе им бидат одземени лиценците за одгледување канабис, бидејќи не постапувале

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 240.000 работници и ќе донесе

26/02/2026

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА ЗАЕВ САКАЛ ДА МУ ЈА

26/02/2026

Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува, бидејќи само така најлесно ќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy