Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миноски на 4TV.mk: Потребни се сеопфатни анализи за минималната плата и итни реформи во деловната клима
Македонија

Миноски на 4TV.mk: Потребни се сеопфатни анализи за минималната плата и итни реформи во деловната клима

26/02/2026

AA

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде што говореше за економските предизвици со кои се соочуваат компаниите, зголемувањето на минималната плата на 600 евра, ликвидноста на фирмите и потребата од подобрување на деловната клима.

Осврнувајќи се на реакциите во јавноста дека дел од малите бизниси би можеле да стават „клуч на врата“ доколку се реализира зголемувањето на минималната плата, Миноски истакна дека прашањето бара темелна анализа.

„Доколку се анализира структурата на кредитите, ќе се види дека 30–40% од кредитите на компаниите се краткорочни, што укажува на сериозни проблеми со ликвидноста“, посочи тој. Според него, ова е индикатор дека значителен дел од фирмите работат под финансиски притисок.

Тој нагласи дека одлуките за вакви чувствителни прашања треба да се носат врз основа на сеопфатни анализи и соодветни методологии, со цел да се земат предвид сите засегнати страни и ефектите врз економијата.

Миноски предупреди дека еден од акутните проблеми во македонската економија е културата на неплаќање и меѓусебното долговање меѓу компаниите. Како пример наведе искуство на домашен бизнисмен кој го проширува своето работење во Косово, Албанија и Србија, каде што, како што вели, наплатата од деловните партнери се одвива редовно и без поголеми застои.

„Кај нас има случаи каде наплатата доцни и по две, три или четири години, што создава огромна неизвесност и дополнителни трошоци за фирмите“, истакна Миноски. Тој додаде дека постојат и примери на судски спорови во кои компаниите не успеваат да ги наплатат своите побарувања, што дополнително ја нарушува довербата во системот.

Според него, решението лежи и во подобрување на деловната култура, но и во институционални механизми што ќе овозможат поголема сигурност во деловните односи.

Како можни решенија ги посочи:

Овие реформи, како што нагласи, се клучен дел од подобрувањето на бизнис-климата и создавање предвидлив деловен амбиент.

Миноски оцени дека поволниот деловен амбиент е предуслов за инвестиции и економски раст. Доколку претприемачите немаат сигурност дека ќе можат да ги наплатат своите производи и услуги, тие ќе се воздржуваат од инвестирање или ќе ги пренасочуваат средствата надвор од државата.

„Двигател на економијата се луѓето кои преземаат ризик, инвестираат и вработуваат. Државата треба да го поттикнува претприемачкото однесување“, потенцираше тој.

Во однос на воведувањето на е-фактурата, Миноски оцени дека станува збор за позитивен чекор во рамки на пошироката дигитализација на економијата. Според него, проектот требало да биде имплементиран уште порано.

Е-фактурата, како што посочи, може да помогне во спречување на злоупотреби како фиктивно фактурирање и даночни пирамиди, особено во делот на поврат на ДДВ. Дополнително, дигиталниот систем ќе овозможи поголема транспарентност и полесно следење на трансакциите, што би придонело за пофер и поефикасно деловно окружување.

Со оглед на предизвиците со кои се соочува економијата, Миноски заклучи дека се неопходни системски реформи и внимателно креирање политики што ќе обезбедат стабилност, предвидливост и доверба во институциите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе

26/02/2026
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
Македонија

Миноски на 4TV.mk: Потребни се сеопфатни анализи за минималната плата

26/02/2026
Македонија

Стојаноски: Додека некои синдикалци бркаат политички амбиции, други склучуваат историски

26/02/2026
Македонија

Стојаноски најави драстични казни и затворање на маркети кои профитираат

26/02/2026
Македонија

СОНЧЕВ ДЕН СО МАЛКУ ОБЛАЦИ И ВЕТЕР Доаѓа затоплување, со

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе ја исчистиме државата од политичките

26/02/2026

На уште неколку правни лица на следната владина седница ќе им бидат одземени лиценците за одгледување канабис, бидејќи не постапувале

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 240.000 работници и ќе донесе

26/02/2026

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно е колку економијата е подготвена

26/02/2026

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде што го коментираше најавениот договор со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy