
Министрите за одбрана на ЕУ разговараат за испорака на еден милион гранати во Украина
Денеска во Брисел се разговара за дополнителна поддршка со муниција за Украина
Министрите за одбрана на земјите од Европската унија денеска во Брисел разговараат за дополнителна поддршка за Украина , пишува германскиот весник Die Zeit, цитиран од агенцијата Фокус.
Станува збор за ветувањето на Европејците за испорачување на милион артилериски гранати на Украина . На владата во Киев итно и е потребна муниција за да се одбрани од Русија . Сепак, според дипломатите, распоредот за испорака е во мирување.
