
Министрите Николовски и Тренчевска од градинката Панорама во Центар ја започнуваат кампањата – Здрав оброк за секое дете
Во дворот од детската градинка Кочо Рацин, објект Панорама, општина Центар, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ќе ја започнат кампањата – Здрав оброк за секое дете, доделувајќи ги првите килограми здрава ужинка за дечињата од градинката Панорама.
Министрите Николовски и Тренчевска, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ќе бидат и дел од креативните работилници заедно со дечињата, продготувајќи разни производи од овошје.
На настанот изјава за медиумите ќе дадат министрите Николовски и Тренчевска, а за време на настанот медиумите ќе имаат можност за видео инсерти.