Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Министерството за енергетика и ФИНКИ го отворија патот за заедничка дигитална трансформација на енергетскиот сектор“
Економија

„Министерството за енергетика и ФИНКИ го отворија патот за заедничка дигитална трансформација на енергетскиот сектор“

19/06/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа
Меморандум за соработка што ќе овозможи вклучување на студенти од ФИНКИ во
практична настава во Министерството, но и поширока соработка во полето на
дигитализацијата и иновациите во енергетиката во јавниот сектор.

Со овој чекор, Министерството како институција задолжена за енергетскиот
сектор воспоставува формална соработка со академската заедница во насока на
примена на информатички технологии и воведување современи дигитални решенија.
Студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти во рамките на
Министерството, да се вклучат во анализи, развој на дигитални алатки, како и да
придонесуваат во автоматизацијата на дел од административните процеси.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, посочи дека соработката со ФИНКИ има потенцијал да стане пример за
паметно поврзување на институциите со младите експерти и таленти.

„Ова е соработка од која добиваат сите – студентите добиваат шанса за
практична работа и искуство во институции, Министерството добива свежи идеи и
технолошка поддршка, а граѓаните добиваат поефикасни услуги. Затоа верувам дека
ова е почеток на нешто многу поголемо – долгорочна технолошка трансформација на
енергетиката посебно во јавниот сектор, за која младите ќе бидат клучни
двигатели.“ изјави Божиновска.

Од ФИНКИ ја нагласуваат важноста од поврзување на академските капацитети
со реалните потреби на јавните институции. Деканот на факултетот, проф. д-р
Боро Јакимовски, изрази уверување дека студентите имаат што да понудат во
процесите на дигитална трансформација.

„Нашите студенти не се само обучени да програмираат – тие знаат да
размислуваат критички, да решаваат комплексни проблеми и да креираат софтверски
решенија за реални предизвици. Веруваме дека ќе дадат значаен придонес во
унапредување на работењето на Министерството.“ рече Јакимовски.

На потпишувањето присуствуваа и продеканот за настава Ристе Стојанов,
како и систем инженерот Владислав Бидиков, кои се дел од тимот што ќе ја
поддржува реализацијата на практичната настава и техничката координација со
институциите.

Меморандумот предвидува и заеднички активности во форма на истражувања,
обуки за вработени во Министерството и креирање иновативни дигитални решенија.
Паралелно, дел од активностите ќе бидат насочени и кон развој на алатки за
подобра енергетска ефикасност, транспарентност и анализи, како дел од заложбите
на Министерството за отворени институции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy