Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерство за одбрана: Истражувањето на Global Firepower фаворизиран големи земји, наспроти помалите
Македонија

Министерство за одбрана: Истражувањето на Global Firepower фаворизиран големи земји, наспроти помалите

20/12/2023

AA

Македонија е рангирана на 108-то место според истражувањето на Global Firepower, но дали одредени земји се фаворизирани или пак има нецелосни податоци. На пример, при наше истражување, утврдивме дека методологијата зема предвив голем број на фактори дадени во апсолутни бројки, односно истиот ги фаворизира големите земји, наспроти помалите, кои во апсолутна бројка имаат помала популација, помал буџет и слично.

Коментар на истражувањето побаравме и од Министерството за одбрана, од каде велат дека станува збор за Индекс чија методологија предвид зема голем број на фактори дадени во апсолутни бројки, односно истиот ги фаворизира големите земји, наспроти помалите, кои во апсолутна бројка имаат помала популација, помал буџет и слично.

„Имено, на пример, предвид е земен буџетот за одбраната како сума на средства, а не како процент од буџетот на земјата, што би бил најсоодветен податок за тоа колку земјата вложува во одбраната и е посветена на развојот на одбранбените способности“, велат од Министерство за одбрана.

Од таму додаваат дека компарацијата на воената опрема, исто така е дадена во апсолутни бројки, што, исто така ги фаворизира големите земји. Пример за тоа е и фактот дека Северна Македонија е земја која не излегува на море и нема сопствена морнарица, ниту морски пристаништа, а рангирањето предвид ги зема и овие податоци.

„Истото треба да се има и предвид за податоците како што е големината на морско крајбрежје, кое за Северна Македонија изнесува нула километри. За споредба, согласно методологијата на овој Индекс, Луксембург, земја – основач на НАТО – Алијансата, заради начинот на рангирање се наоѓа на 126-то место, Исланд, исто така основач на Алијансата е на 137-то место, а Црна Гора на 128-то место“, додаваат од Одбрана.

Инаку, фактот дека Македонија напредува во рангирањето и покрај методолошкиот пристап кој не фаворизира мали земји е развојот на одбраната и Армијата и зголемувањето на буџетот за одбраната.

„Северна Македонија од 1,85% од бруто-домашниот производ одвоени за одбрана во 2023 година, во 2024 година ќе одвои 2% од својот бруто-домашен производ, кој претставува и зголемување во апсолутната бројка на средства наменети за одбраната. Со 33 проценти наменети за модернизација и опремување и во 2024 година, македонската Армија ќе продолжи забрзано да се опремува и модернизира со најсофистицираните оклопни возила, нови системи за против-воздушна одбрана, нови артилериски системи, ремонтирани хеликоптери и системско решение за одржување на постојната хеликоптерска платформа до набавката на нови хеликоптери, како и повисок стандард за работа и за живот на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија“, велат од Одбрана за 4NEWS.mk

Инаку македонската Армија ја постигна најбрзата воена интеграција во НАТО, односно само 19 месеци по полноправното членство на Северна Македонија во Алијансата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy