Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерство за финансии објасни каде „заглави“ издавањето на еврообврзницата
Економија

Министерство за финансии објасни каде „заглави“ издавањето на еврообврзницата

16/02/2023

AA

По забелешките од јавноста, Министерството за финансии објаснува дека продолжувањето на постапката за издавање на еврообврзницата, како што соопштиле и вчера, се должи на внатрешна постапка, која бара и мислење на министерот за правда.

Додаваат дека на 13 февруари 4-ца министри поднесоа оставки до Собранието, меѓу кои и министерот за правда, соодветно нема вршител на должноста во моментот.

„Агентите и инвеститорите беа навремено известени за административната пречка во процедурата, исто како и дека издавањето на еврообврзницата (аукција) ќе биде завршено веднаш штом биде назначен нов министер за правда од страна на Собранието, за што изразуваме верување дека политичките чинители ќе го имаат предвид и нема да се оддолжува процесот. Средствата од деветтата еврообврзница се наменети за рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2016 година, која доспева во јули годинава. Накусо за процедурата за издавање на еврообврзница. Еврообврзницата е државна обврзница деноминирана во евра, која државата ја издава на меѓународен пазар на капитал, преку овластени агенти-банки на инвеститори (банки, фондови). Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. По ова инвеститорите на годишна основа добиваат отплата на купонската камата или пак ја тргуваат/препродаваат еврообврзницата на секундарниот пазар. Поради запазување на интерната постапка, процедурата за издавање на еврообврзница во земјава (обезбедување на мислење и од страна на министерот за правда, функција која во моментот нема врштител), инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, како што се појавија одредени тврдења. Следствено, неточни се и тврдењата за барање отштета и пенали“, велат од Министерството за финансии. 

На пазарите на капитал тековно нема промени од аспект на каматите на пазарот, но не  шпекулираат со очекувања за каматната стапка бидејќи тоа се пазарно чуствителни информации. 

„Ќе истакнеме само дека довербата на инвеститорите во економските политики на Владата е силна, што се огледа од нивната побарувачка за еврообврзницата која беше за 2,5 пати повисока од понудата на аукцијата која беше одржана. Имено, ние понудивме 600 милиони евра, тие сакаа да запишат милијарда и петстотини милиони евра, но останавме на понудената сума од 600 милиони евра“, додаваат од Министерството за финансии. 

Во однос на шпекулациите за намалување на кредитниот рејтинг, тие се целосно неточни, бидејќи кредитниот рејтинг е комплексна оценка на низа макроекономски и политички критериуми, a најдобар доказ за мислењето на инвеститорите е побарувачката која беше исклучително висока.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ќе падне кредитниот рејтинг на Македонија. За нив ова е невиден преседан. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy