Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 MИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ: Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
Економија

MИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ: Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими

07/11/2024

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални
суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување
на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската
ефикасност на домаќинствата низ целата држава. До 15 часот, беа доделени над
80 отсто од предвидените 6.182 ваучери. Благодарение на внимателното планирање и
целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено
и ефикасно, со што на граѓаните им се овозможи брзо и лесно подигнување на
ваучерите.

Во рамки на процесот на доделување, до 16 часот, само
во Скопје беа доделени над 1.400 ваучери или над 75 отсто од вкупниот број. Иако на
почетокот на денот беше забележана зголемена посетеност на граѓани,
доделувањето се одвиваше непречено и во поголемиот дел од денот немаше долги
редици пред СЦ Борис Трајковски.

Во согласност со предвидената динамика, доделувањето
успешно се спроведува и на другите 30 локации низ Македонија, каде што
граѓаните можат лесно да ги подигнат своите ваучери за купување и инсталирање
на инвертер клима уреди. 
Според првичните информации од тимовите на Министерството, во повеќето градови
како Струга, Радовиш, Штип, Кичево и други, граѓаните подигнале над 90 отсто од
ваучерите, што е доказ за успешноста на овој начин на дистрибуција на
ваучерите.

Во изјава за медиумите министерката за енергетика, Сања
Божиновска, нагласи дека Министерството ги отвори сите предвидени локации низ
Македонија, со цел да се обезбеди брза и безбедна дистрибуција на ваучерите и
додаде: „Во Скопје, ваучерите се доделуваат во салата ‘Борис Трајковски’, во
Битола – во спортската сала ‘Боро Чурлески’, а во останатите градови – во
соработка со Агенцијата за вработување. Со оваа мерка, обезбедуваме значителна
финансиска поддршка за домаќинствата, а посебно се фокусираме на ранливите
категории потрошувачи.“

Дополнителна флексибилност е овозможена за граѓаните
кои нема да можат да ги подигнат своите ваучери веднаш, тоа да го направат
директно во Министерството до крајот на месецот.

Министерката Божиновска го истакна значењето на мерката
за енергетска ефикасност, нагласувајќи дека оваа програма со вкупен износ од
155 милиони денари не само што придонесува кон подобрување на животниот
стандард, туку и кон заштита на животната средина преку намалена потрошувачка
на електрична енергија.

Министерството останува достапно за сите дополнителни
прашања, при што редовни информации за тековните активности се објавуваат на
нашата веб-страница и преку отворени телефонски линии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41446
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што целосно исчезна од кошничката?

14/02/2026

Промените во цените, инфлацијата и навиките на потрошувачите значително ја трансформираа семејната потрошувачка во последните пет години. Анализата на движењата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy