Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерот Мисајловски на Минхенската безбедносна конференција
Македонија

Министерот Мисајловски на Минхенската безбедносна конференција

15/02/2025

AA

Министерот за одбрана Владо Мисајловски како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера и денеска учествува на Минхенската безбедносна конференција во Сојузна Република Германија.

Утрово министерот Мисајловски средбите ги започна со заменик помошникот секретар за одбрана на САД, Дејвид Бејкер на која се разговараше за актуелните политики во поглед на регионалната и глобалната безбедност и за модернизацијата и опремувањето на македонската Армија, а од страна на Бејкер беше истакнат македонскиот придонесот во поглед на безбедноста на балканскиот регион и источното крило на НАТО. Мисајловски присуствуваше и на средбата со премиерите на македонската и хрватската влада, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ на која се разговараше за развојот на меѓусебната севкупна соработка и поддршка во контекст на проширувањето на Европската Унија и влијанието на безбедноста на Балканот за континуиран развој на државите од овој регион.

Во текот на денешниот ден предвидено е министерот Мисајловски да учествува на работниот ручек на покана на својот германски колега Борис Писториус и ќе учествува на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД, за специјални мисии, Ричард Гренел на сесијата посветена на новите политики на американската администрација.

Минхенската безбедносна конференција е годишна конференција на која учествуваат лидери и носители на одлуки од целиот свет и на која се водат дебати за прашања во однос на меѓународната безбедносна политика.  Целта на оваа безбедносна конференција е воспоставување дијалог и градење доверба со цел мирно решавање на конфликтите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy