
Милер стигна до јубилеј во ЛШ каков што само имале уште Чави и Касиљас!
За Томас Милер ова е 150. натпревар во Лигата на шампионите за Баерн Минхен.
Тој е само третиот фудбалер во Лигата на шампионите кој успеал да одигра толку натпревари за само еден клуб. Другите двајца на кои тоа им успеало се Чави (151 за Барселона) и Касиљас (150 за Реал Мадрид).
Доколку Баерн Минхен стигне до финалето, Милер може да стане фудбалерот со најмногу настапи во Лигата на шампионите за еден клуб.