
МИЛАНОВИЌ ГИ ИСКАРА ХРВАТИТЕ: Вели дека се разгалени и не сакаат да работат
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се осврна на странските работници кои доаѓаат и живеат во Загреб и работат работи за кои
верува дека и хрватските деца треба да ги работат. Тој ги критикуваше хрватските граѓани.
„Станавме малку разгалени. Во еден момент,
ќе мора да видиме каде е таа граница и кои работни места не се достојни за нас и дали
навистина треба да ги работи по секоја цена некој што не е од тука и кој доаѓа од далечен свет со
своите копнежи, стравови, амбиции и напуштена татковина, бидејќи ова се луѓе како нас“, рече
Милановиќ.
Вели дека Загреб се менувал и допрва ќе се менува.