
Милано ја понижи Црвена звезда во Белград!
Натпреварот беше изедначен во првото полувреме кое Црвена звезда го доби со 39-38, но работите значително се променија во второто полувреме.
Во третиот период Милано се одлепи на највисоки десет разлика дотогаш, во послендата четвртина Црвена звезда стигна до -4, беше 69-65 за миланскиот тим. Кога се чинеше дека српскиот гигант ќе се врати, тие потонаа. Милано почна неверојатна серија од 23-2 и дојде до највисока предност од 25 поени разлика, беше 92-67. Конечниот резултат гласеше 93-71.
Убедливо најдобар стрелец на мечот беше Ло со 32 поени, во составот на Црвена звезда Давидовац постигна 18, Недовиќ 16.