Милан ќе треба чудо да направи: Седум години не го победиле Интер со повеќе од еден гол!
Два гола предност во фудбалот не е недостижно, ама Милан ќе треба да направи вистинско чудо зашто во последниве седум години ниту еднаш не го победиле Интер со повеќе од еден гол разлика.
Последен пат кога Милан славел со два или повеќе разлика е на 31 јануари 2016 година со голови на Алекс, Бака и Нијанг, но оттогаш во таборот на „нераѕурите“ е само Марцело Брозовиќ и Самир Хандановиќ, кој сезонава му е резерва на Андре Онана.