Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски во Тирана: Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја!
Македонија

Мицкоски во Тирана: Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја!

21/11/2025

AA

„За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. „Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена“, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот.

„Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани“, посочи Мицкоски.

Мицкоски во обраќањето наброи дел од промените коишто веќе се спроведуваат.

„Оваа година поднесовме две барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност. Досега се исплатени околу 24 милиони евра, комбинација од заеми и инвестициски грантови.

Продолжуваме со натамошни реформски чекори во сите сектори: управување со јавните финансии, дигитална трансформација, развој на бизнисот и реформи во правосудството. Завршувањето на овие чекори ќе отклучи дополнителна поддршка од ЕУ во износ од над 134 милиони евра. Но, ова не се само бројки, ова се приказни за промена“, додаде Мицкоски, којшто го потенцираше приклучувањето на Македонија кон Единствената евро-зона за плаќања (SEPA) меѓу првите партнери од Западен Балкан интегрирани во овој европски систем, потоа проектот WiFi за Западен Балкан (WiFi4WB), којшто се спроведува во 63 општини, Дигиталниот самит во Скопје како потврда на заложбата за интероперабилност, безбеден дигитален идентитет и за поблиско усогласување со европските дигитални стандарди, како и програмата Хоризонт градиме национална Антена на Фабриката за вештачка интелигенција која ја поврзува Македонија со европскиот екосистем за ВИ и со капацитетите за суперкомпјутери.

Мицкоски се осврна и на поврзаноста како врвен приоритет, зборувајќи за модернизација на три гранични премини – Деве Баир, Блаце и Богородица во рамките на иницијативата Зелени ленти, со што Европа физички станува поблиска до граѓаните.

„Нашата зелена транзиција, од енергетски ефикасни студентски домови до нови инвестиции во транспорт и железничка инфраструктура, покажува дека растот и одржливоста можат да одат рака под рака. Вкупно, проекти во вредност од околу 1,1 милијарда евра се во текот на Планот за раст, од кои над половина милијарда се ЕУ грантови“, нагласи Мицкоски, кој зборуваше и за продлабочената регионална соработка преку Заедничкиот регионален пазар и Берлинскиот процес создаваме простор кој го одразува Европскиот единствен пазар.

„Овие чекори се доказ дека кога ги интегрираме нашите пазари, кога ги поврзуваме патиштата и кога ги усогласуваме правилата, веќе ја практикуваме Европската унија и нејзините вредности“, заклучи Мицкоски.

„Нашата порака денес е едноставна, но цврста: Македонија исполнува. Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја. Ние ја градиме Европа дома со нашите политики, со нашите дела и со нашите вредности.

Сега очекуваме од нашите партнери истото, правичен, меритократски пристап кој ги наградува резултатите и ја препознава посветеноста. Заедно да го претвориме овој План за раст во вистински напредок и промена; Да биде доказ дека европската идеја продолжува да инспирира, да обединува и да дава резултати, не утре, туку денес“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Падна дрво на охридскиот кеј „Македонија“

21/11/2025
Македонија

Уставниот суд остро реагира на нападите и манипулациите за предметот

21/11/2025
Македонија

Двајца даночни контролори во куќен притвор, девет лица со мерки

21/11/2025
Македонија

СО 2% ДОВЕРБА БАРААТ ПЛАТИ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО РЕГИОНОТ И

21/11/2025
Македонија

Мицкоски во Тирана: Не реформираме затоа што тоа се очекува

21/11/2025
Македонија

34-годишник извршил обљуба врз 25-годишна девојка во Дојран

21/11/2025
Македонија

Несреќа на концерт во Скопје – жена повредена откако и

21/11/2025
Македонија

ЧУЧУЉ ЕДНОГЛАСНО ПРЕДЛОЖЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКА По скандалот со

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Падна дрво на охридскиот кеј „Македонија“

21/11/2025

Големо дрво утрово падна на кејот „Македонија“ во Охрид. Инцидентот предизвика краткотрајно попречување на движењето по пешачката зона, но за

Уставниот суд остро реагира на нападите и манипулациите за предметот со т.н. „линеарно покачување на

21/11/2025

Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член

Двајца даночни контролори во куќен притвор, девет лица со мерки на претпазливост за случајот со

21/11/2025

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Кочани одреди мерка куќен притвор за две лица – даночни контролори од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy