
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра
По средбата со британскиот премиер Кир Стармер, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека овој договор е историски и тој ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области.
„Со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билатерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски и со ова ќе се не само искуството туку и ќе се сподели искуството на Обединетото кралство во тој дел на ЕУ и сметам дека Балканот е навистина инспиративно место“, изјави Мицкоски.
Стармер за стратешкиот договор истакна дека е од голема важност и со него ќе се решаваат многу важни работи меѓу двете држави.