Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Силно верувам во 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Мицкоски: Силно верувам во 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

27/07/2023

AA

Јас не би ги коментирал оние пратеници кои што ја поддржуваат владата на ДУИ поддржана од СДСМ, бидејќи таму нејасни се ставовите. Денеска едно зборуваат, утре друго прават. Да таква е позицијата на тој пратеник кој што вие го споменавте, го прочитав тоа и јас од социјалните медиуми, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите за коментар за пратеникот од турската партија од власта, Инес Ибрахим кој пред некој ден изјави дека нема да гласа за уставните измени.

Додаде дека на луѓе, односно пратеници, кои што поддржуваат една ваква влада, не им верува и дека единствено се потпира и верува на зборот даден од 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои нема да прифатат бугарски диктат и нема да гласаат за промена на македонскиот устав.

Мицкоски додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ, како идна влада, подготвени се да седнат и да разговараат за промена на околностите кои што денес се ставени на маса.

„Јас многу не се потпирам на тие луѓе, бидејќи за да поддржуваш една ваква влада многу зборот и образот не ти значи во животот. Јас верувам и за мене е она важно на оние 44 пратеника кои што доаѓаат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и знам дека тие сигурно нема да гласаат под овие околности и нема да прифатат бугарски диктат. А ние, како идна влада, сме подготвени да седнеме и да разговараме да видиме како можеме заеднички да ги промениме тие околности кои што денеска се на маса. Така што, да сумирам, луѓето кои што шест години ја поддржуваат оваа влада, мислам дека одамна заборавиле што значи чест и образ и многу, многу не очекувам од нив во овој процес. Но, затоа пак, силно се потпирам, силно верувам на зборот на 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тие се единствениот гарант дека овие уставни измени, вака како што ги замислила владата на ДУИ, поддржана од помалиот партнер СДСМ, нема да поминат“, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БИФЕТО ВО ВЛАДАТА НЕРЕДОВНО ИЗДАВАЛО ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ВО 2024 ГОДИНА

05/02/2026
Македонија

Се вршат претреси во објекти за марихуана поврзани со големата

05/02/2026
Македонија

Скопјанка го пријавила деверот во полиција, ја нападнал!

05/02/2026
Македонија

„Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на

05/02/2026
Македонија

АЛТЕРНАТИВИТЕ БЕЗ ЧАД НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО

05/02/2026
Македонија

Објавена петиција: Граѓаните бараат забрана на социјални мрежи за деца

05/02/2026
Македонија

Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

05/02/2026
Македонија

Пожарникарот Благој Паунов сведочеше како се одвивала спасувачката акција во

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41065
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БИФЕТО ВО ВЛАДАТА НЕРЕДОВНО ИЗДАВАЛО ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ВО 2024 ГОДИНА Ревизорите утврдиле дека владината служба

05/02/2026

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) не води редовна евиденција на имотот што го поседува Владата, па

Се вршат претреси во објекти за марихуана поврзани со големата заплена во Србија

05/02/2026

Полицијата денеска повторно спроведува претреси на неколку локации поврзани со петте тони марихуана која беше запленета минатата недела во соседна

Скопјанка го пријавила деверот во полиција, ја нападнал!

05/02/2026

На 04.02.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско, пријави дека на 03.02.2026 околу 13:00 часот во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy