
Мицкоски: Продолжува акцијата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“
На денешната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на акцијата за намалување на цените на повеќе од 600 прехранбени производи, која започнува на 15 декември и ќе трае до 15 јануари. „За нас е голема чест што денеска сме тука со министерот за економија, заменикот, директорот на Пазарниот инспекторат, како и претставниците на Стопанските комори […]
